Од синоќа во Белград наврнаа над 55 литри дожд

Дожд во Белград / Илустрација / Фото: Bratislav Stefanovic / Alamy / Alamy / Profimedia

Во главниот град на Србија од синоќа до утрово наврнале повеќе од 55 литри дожд на метар квадратен, што е количина вообичаена за еден месец. За справување со последиците од невремето на терен се 1.500 работници на јавните комунални претпријатија, а до вечерва се очекува состојбата да се стабилизира.

Според градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ имало над 250 интервенции од јавните комунални претпријатија.

„Имавме над 250 интервенции од јавните комунални претпријатија, 1.500 работници на терен. Ситуацијата почнува малку да се стабилизира. Петнаесет линии на јавен превоз беа прекинати поради неможност за прооден сообраќај“, изјави Шапиќ.

Тој им порача на белграѓани да бидат свесни за околностите и да ги прифатат новите временски услови. За попладнево во Белград метеоролозите најавија нови врнежи од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот