Од 26 до 30 јуни: „Скопје стрит фуд фестивал“ ќе се случи повторно!

Фото: Промо

Во времетраење од пет деца, од 26 до 30 јуни, ќе се одржи годинашното издание на „Скопје стрит фуд фестивал“. Збирното место за сите гурмани повторно ќе биде паркингот на „Театар Комедија“, со почеток од 17 часот за време на работната недела и од 13 часот за време на викендот.

Организаторите велат дека „никој нема да си оди гладен“, а посетителите ќе имаат можност да вкусат храна од штандовите на 16 изложувачи: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, MUSTACAOS, Taco’s Jam Mexican Street Food, Scoop Artisan Gelato, Радост|Radost, BubbleWafle’s Skopje, Sweet Corner, DREN, Бистро Комедија, Jes Pasta, M’s Street Food, Healtyish, 23 Mama & Dominos.

Фото: Промо

За забавата ќе бидат одговорни повеќе бендови и диџеи. Фестивалот ќе го отворат дечките од комуната „Фанки фреш“, добро познатите диџеј Гоце и диџеј Чваре, па потоа следуваат „Флудер“. Во четврток ќе настапат „Day Off The Next Generation“, па Дабл Џи. Во петок ги слушаме Д.Н.О, па следува Бејзел. Викендот е резервиран за „Саут парк“ и Коко & „Ин д муд“ и Васо.

Музика на главна бина ќе трае до 23.00 часот, потоа се префрлуваме и продолжуваме на терасата на Бистро Комедија каде забавата трае до 1.00 часот.

Фото: Промо

На фестивалот ќе има и интереактивна работилница предводена од технолог по месо и месни преработки – Филип Илиевски. Таа ќе се одржи во петок, од 19 до 20 часот, а таму Филип ќе ни претстави како најдобро се изработува колбас во домашни услови.

Влезот на фестивалот е бесплатен.

Комецијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот