Од 1 јули во ЕУ стапува на сила забраната за пластични капачиња

Европската Унија од денеска ја забранува продажбата на пластични шишиња со капачиња што се вадат. Одлуката е донесена минатата година, од денеска е задолжителна, иако многу компании веќе ја имаат спроведено. Многу корисници се незадоволни.

Поентата на иновацијата е што капачето не може лесно да се одвои од шишето. Тоа го попречува пиењето и истурањето, но еколозите ја бранат оваа практика со аргументот дека капачињата кои се откачуваат повеќе ја загадуваат природата. Властите на ЕУ се надеваат дека тоа ќе го поттикне населението да ги врати шишињата на рециклирање заедно со капачињата, пишува „Сега.бг.њус“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот