Очекувајќи невреме, екипите на „Водовод и канализација“ ги чистат сливниците и шахтите

Фото: ЈП „Водовод и канализација“

Поради временската прогноза која за денеска најавува невреме со врнежи од дожд и засилен ветар, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во текот на изминатите денови, но и утрово се на терен и ги расчистуваат сливниците и шахтите, со посебен акцент, како што велат оттаму, на критичните точки на територија на град Скопје.

Тимовите распределени по реони работат на рачно и машинско чистење на сливниците и шахтите кои се дел од атмосферската канализациона линија, со цел овозможување на нејзина непречена функционалност.

Апелираме до граѓаните, совесно и одговорно да се однесуваат кон канализационата линија, атмосферска и фекална, бидејќи истата не е депонија за одлагање на секаков тип на отпад, кој проднесува до затнување на линиите и при поголемо количество на вода дури и поплави. Во текот на изминатите денови, при чистење на атмосферската линија отстранети се над 15 м3 отпад, што претставува дел од причините за намалување на протокот на вода во системот – велат од „Водовод и канализација“.

Оттаму додаваат дека продолжуваат да работат во интерес на граѓаните на Скопје и организирани во дежурни тимови ќе останат на терен сѐ додека не помине овој циклус на променлива временска прогноза проследена со силно невреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот