Обвинителство: МВР вчера ја достави кривичната пријава против Костадиновска-Стојчевска

Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Од Јавното обвинителство попладнево информираа дека вчера кај нив е пристигнато известување од Министерството за внатрешни работи и документацијата од Министерството за култура за наводната злоупотреба на буџетски средства од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„До Јавното обвинителство вчера од Министерството за внатрешни работи е доставено известување и документацијата од Министерството за култура. Обвинителството веќе го проучува материјалот и ќе преземе дејствија“, стои во информацијата од Јавното обвинителство.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во изјава за медиумите рече дека и натаму нема новости од Јавното обвинителство во врска со овој случај.

„Не, се уште немаме новости од Јавното обвинителство. Целата документација е испратена. Кога ќе не известат нас, веројатно ќе знаете и вие“, рече Љутков за време на неговата посета на Националната опера и балет.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска дека користела буџетски пари за приватни цели за време на нејзиното службено патување во Лондон во октомври минатата година.

Веднаш потоа и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот