Обвинителите добија систем за безбедно ракување со строго доверливи информации

Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, пред Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорката на Оперативно-техничката агенција Марија Јаническа, денеска беше презентиран акредитиран комуникациско-информациски систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации.

За презентираниот комуникациско-информациски систем (КИС), како што истакнуваат од обвинителството, е издаден сертификат за акредитација за ракување со национални класифицирани информации во електронска форма со степен „строго доверливо“ кој обезбедува законска, заштитена, сигурна, брза и ефикасна дигитална поврзаност, комуникација и интер-операбилност меѓу овластените и надлежни органи во процесот за спроведување на мерките за следење на комуникациите.

„Воспоставениот систем претставува реформски производ и придонесува кон унапредување на безбедноста и ефикасноста на процесите и промовирање на спроведувањето на контролата и надзорот од страна на надлежните органи и тела, чија функционалност и примена и ќе им овозможи на правосудните и овластените органи брза, ефикасна и сигурна борба со организираниот криминал и корупција, истовремено почитувајќи ги човековите права и слободи и зајакнување на довербата на јавноста како заедничка и системска заложба“, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот