Објавен е речник на поими како помош за употреба на македонски термини наместо англицизми

Добри Јовевски, Гордана Анастасова, м-р Елена Апостолова и проф. д-р Владимир Трајковиќ

Група автори неодамна во ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров, Скопје, промовираа Речник на поими од медиумската писменост за наставниците со Игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот. Во овој речник има соодветен превод на дел од поимите од медиумската писменост што досега се користеа како англицизми.

Со преводите и толкувањето на поимите, наставниците добиваат значајна помош во реализацијата на содржини од медиумската писменост за полесно да им објаснат на учениците што е тоа интернет, дигитален простор, апликација, икона, емотикони, гиф…

Уште поголема поддршка за наставниците претставуваат игровните активности со чија помош учениците ќе ги усвојуваат и применуваат новонаучените поими, како, на пример, кликбејт – обично е потресен или сензационалистички наслов, каде насловот и содржината на текстот не се совпаѓаат, односно е лажна информација за да измами или лажно да наведува.

Речникот и игровните активности се финален продукт што произлезе од активностите во проектот „Намали ризик – медиумска писменост на македонски јазик“, како субгрантиран проект на „Do not MIS/DIS – TechCamp“ Охрид во организација на Стејт департментот преку Амбасадата на САД и партнерската организација Центар за иновации и дигитална едукација „Диг-ед“.

Автори на овој речник и игровни активности се м-р Елена Апостолова, Добри Јовевски и Гордана Анастасова.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 237, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30.6.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот