Обидот за убиство на словачкиот премиер Фицо е преквалификуван во терористички чин

Роберт Фицо - Фотографија ЕПА, Мартин Дивишек

Обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо е преквалификуван во терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

– Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот понатаму ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин  – рече Жилинка на Фејсбук.

Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо веќе е информиран за промената на статусот на случајот, пренесува ТАСР.

Писателот Јурај Цинтула го рани Фицо на 15 мај во градот Гандлова, во Западна Словачка. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Словачкиот министер за одбрана, Роберт Калињак, претходно оваа недела изјави дека Фицо наскоро ќе се појави во јавноста и постепено ќе почне да ги извршува своите должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот