Нуредини вети решавање, не кажа мерки за почист воздух

Насер Нуредини

Со какви мерки ќе се спречува загадувањето на воздухот, Министерот за животна средина, Насер Нуредини, пред јавноста не откри. Но, тврди дека напорно ќе работат за да го спречат загадувањето. Во Министерството забележале дека вчера во Куманово беше енормно загаден воздухот.

– Ова не е прашање кое може да се реши краткорочно, мора да се работи долгорочно. Сите заедно мора да работиме на тоа бидејќи повеќе фактори придонесуваат за тоа, греењето на домовите, енергетската ефикасност, автомобилите – изјави Нуредини.

За односот кон животната средина, вели прашањето е регионално, а не локално и затоа регионално треба да се решава.

– Сите ние сме одговорни, ние како извршна власт, приватниот сектор-тие што произведуваат, но и ние како поединци, сите заедно треба да работиме за да дојдеме до решение – вели Нуредини.

Изразувајќи задоволство што млади генерации кои имале можност да студираат во странство се враќаат назад и можат да придонесат тука, Нуредини потенцира дека во Министерството за животна средина и просторно планирање има извонреден тим што работи напорно на сите прашања и теми, како што се квалитетот на воздухот, управувањето со отпадот, водата, како и на подобрување на законите, за кои, подвлече, ќе се зајакнуваат и во блиска иднина ќе се усвојат.

Куманово најзагаден град во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот