Нуредини: Се наоѓаме на клучна точка кон претстојната зелена транзиција

Насер Нуредини министер за животна средина / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Министерот Нуредини имаше излагање на панелот на Европската банка за обнова и развој „Изгледи за чиста енергија за Балканот и Источна Европа” организирана во рамки на Регионалната конференцијата за перспектива за чиста енергија, што вчера и денес се одржа во Истанбул во организација на Атлантскиот совет во Турција и Глобалниот енергетски центар на Советот, а во партнерство со Европската банка за обнова и развој 

Конференцијата овозможи владини претставници, претставници на деловните и научните заедници да разговараат за чисти, безбедни и одржливи енергетски политики.

Министерот Нуредини се осврна на трасираните национални политикити за енергетска транзиција кон користење на обновливи извори на енергија, на зацртаните амбициозни климатски цели за декарбонизација, како и на предизвиците за обезбедување на финансии за нивна реализација, особено во услови на глобална енергетска криза.

При тоа Нуредини истакна дека по Глазгов, на владино ниво е усвоен многу важен плански документ – национален интегриран план за енергија и клима. Со ова, заедно со нашата Долгорочна стратегија за климатска акција и националната енергетска стратегија, се поставија јасни долгорочни и среднорочни цели за постигнување на декарбонизиран развој и раст на кој се гледа како на можност и за социјален раст.

-Го проценивме потенцијалот за создавање зелени работни места, што докажува дека еколошките и климатските цели можат да одат рака под рака со економските цели – рече Нуредини укажувајќи дека нашата држава заедно со другите држави од Западен Балкан  се наоѓа на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена во врска со претстојната зелена транзиција.

Конференцијата е во организација на Атлантскиот совет во Турција и Глобалниот енергетски центар на Советот, а во партнерство со Европската банка за обнова и развој 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот