Нуредини: Реализацијата на проектот за справување со ризикот од поплави во Полошкиот регион ќе тече забрзано

Фото: Архива „Слободен печат“

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска оствари работна средба со Постојаниот координатор на Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан,  директор на канцеларијата на УНДП во Скопје.

Целта на состанокот беше да се дискутира напредокот на Проектот и приоритетните активности, чија цел е да се направи темелна промена во начинот на справување со ризикот од поплавите во Полошкиот регион, кој се смета за најранлив во државата во однос на ова прашање. Проектот е финансиран од Швајцарската Агенција за Развој и соработка (SDC) а е спроведуван од страна на УНДП.

Во оваа насока, министерот Нуредини изрази подготвеност за мобилизирање на повеќе финансиски средства од Владата на РСМ, за реализација за сите предвидени проектни активности.

На крај министерот Нуредини изрази благодарност до УНДП за нивната посветеност и придонес при реализација на овој проект, како и за можноста за продолжување на соработката и во областа на енергетската ефикасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот