Нуредини: Привршува реализацијата на брзите мерки за санација на Русино

Насер Нуредини /фото: Архива на Слободен печат

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска беше во теренска обиколка на нестандардизираната депонија во Русино, каде во тек е реализацијата на брзите мерки за санација на депонијата.

Досега се реализирани сите подготвителни работи, поставена е колската вага за мерење на количини на отпад, во тек е изградба на насипи и воспоставување на системот за управување со протекување на исцедокот.  Започнато е и асфалтирање на патот до депонијата, a паралелно се работи и на подготовката на документација на алтернативен пат до Русино од патот Гостивар – Маврово.

Согласно динамичкиот план, се очекува брзите мерки да бидат целосно завршени до крајот на август годинава, по што ќе се започне со втората фаза од проектот и управувањето со Русино ќе биде предадено на заедничкото јавно регионално претпријатие Русино/Полог, формирано од сите општини од Полошкиот плански регион.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот