Нудистичкото крстарење има сериозни правила на однесување: Забрането е допирање на јавни места на бродот

Фото: Инстаграм/ cruisebare

Нудистичкото крстарење со околу 2.300 гости ќе исплови во февруари следната година.

„Како и секогаш, наше задоволство е да ви го дадеме луксузот да изберете што да не облечете на ова патување“, велат организаторите од агенцијата „Bare Necessities“. Вакви патувања организираат повеќе од 30 години.

Гостите треба да следат голем број правила. Додека престојуваат во трпезариите во внатрешноста на бродот, тие мора да носат облека, иако надвор има маси каде што можат да седат голи. Во некои делови од бродот за крстарење мора да седат на крпа. Забрането е непристојно однесување, односно забрането е допирање на јавни места на бродот. Кога бродот се укотвува во пристаништето, патниците од другите бродови не смеат да ја видат нивната голотија. Забрането е и носење фетиш облека и фотографирање или видео без согласност.

„За нас ова не е ништо сексуално или нешто од кое треба да се срамиме. Поентата на нудизмот е да се остави настрана проценката на другите. Кога некој е гол, не знаете дали е богат или сиромашен. Мора да разговарате со луѓето да откријат кои се навистина. Нашите патници развиваат прекрасни пријателства“, рече Кет Витмир, операторка на крстарењето.

61-годишен светски патник кој се впуштил во оваа авантура со својата сопруга, коментирал за Редит (Reddit) дека сите работници на бродот за крстарење биле облечени, освен едно машко-женско дуо кое настапува во театар. Еден човек коментирал дека најголемата предност е тоа што патувате со мал багаж. Тие коментираат дека никој не се обидува никого да фотографира, па нема страв дека сликите ќе протечат во јавноста. Тие наведуваат дека тоа се претежно повозрасни парови, а млади имало многу малку. Повеќето од нив биле Американци, но имало и Европејци и Австралијци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот