„Новогодишен терор“ во Украина: По полноќ фрчеа проектили над Киев и ширум земјата

Бројни експлозии се слушнаа во Киев и други места ширум Украина, а сирените за воздушни напади се слушаа низ целата земја во првите неколку часа по полноќ на Нова година. Додека ечеа сирените, некои луѓе во Киев извикуваа од нивните балкони: „Слава на Украина! Слава на хероите!“, изјавија очевидци за Ројтерс.

Фрагменти од проектили уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана оштетија автомобил во центарот на главниот град, но нема прелиминарни повредени или жртви, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Градската воена управа на Киев објави дека се уништени 23 „воздушни објекти“ лансирани од Русија.

Нападите уследија неколку минути по новогодишната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој и посака победа на својата земја во војната која трае веќе 11 месеци и не и се гледа крајот.

Потоа се слушнале експлозии, без непосредни извештаи за штета, објавија очевидци на Ројтерс. Имаше и неофицијални извештаи за експлозии во јужниот регион Херсон и северниот регион Житомир.

Нападите уследија по налетот на повеќе од 20 крстосувачки ракети истрелани врз цели низ Украина во саботата, што украинскиот омбудсман за човекови права Дмитро Лубинец го нарече „Новогодишен терор“.

Градските и регионалните власти на Киев на апликацијата за пораки рекоа дека системите за противвоздушна одбрана работат. Олексеј Кулеба, гувернерот на регионот Киев, изјави дека бил нападнат со беспилотни летала. Веднаш не се знае дали биле погодени цели.

Вјачеслав Гладков, гувернер на јужната руска област Белгород, која граничи со Украина, изјави дека за време на ноќното гранатирање на предградијата на рускиот град Шебекин, има оштетувања на куќи, но нема жртви. Украина никогаш јавно не презеде одговорност за какви било напади во Русија, но ги нарече „карма“ за руската инвазија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот