Ново драстично поскапување на горивата, цените одат накај 100 денари за литар

Фото: Архива на „Слободен печат“

Регулаторната комисија за енергетика вечерва ги објави новите цени на горивата, согласно последната одлука.

Најголемо поскапување, како и во понеделникот, има кај дизел-горивото, кое од полноќ ќе се продава за осум и пол денари повеќе по литар (95 денари).

Еве ги новите цени на дериватите:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 59,165 (денари/килограм)

-Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33 отсто на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот