Нови детали за скандалот: Наоми Кемпбел исфрлена од добротворната организација, потрошила 2 милиони евра за гала вечера во Кан

Фото: Anne-Christine POUJOULAT / AFP / Profimedia

Комисијата за добротворни цели откри дека добротворната организација, чиј повереник е светскиот топмодел Наоми Кемпбел, потрошила 1,9 милиони евра на вечерата, додека само 6.000 евра биле исплатени на оние на кои им биле наменети парите.

Веста дека Наоми Кемпбел проневерила пари од добротворната организација Fashion for Relief, чие лице и повереник е 10 години, одекна низ светот, а сега се огласи и манекенката.

Плачејќи, пред новинарите во Париз, Кемпбел ги негираше обвинувањата дека се расфрлала со парите на добротворната организација, односно дека не им ги проследила на оние за кои се собрани.

Инспекторите откриле финансиски малверзации во таа организација и соопштиле, како што пренесува „Дејли мејл“, дека од собраните 5,6 милиони евра, само само 466.000 завршиле на вистинската адреса. Односно, според наодите на Комисијата за добротворни цели, крајните корисници добиле само 6.000 евра во последните 15 месеци.

Остатокот, како што тврдат, го потрошиле, меѓу другото, и за цигари, осигурување на Наоми Кемпбел и други неовластени плаќања.

Претходно, според наводите на истиот весник, се појавија детали дека споменатата организација, во која Кемпбел не е само заштитно лице, туку и старател, потрошила повеќе од 14.000 фунти (16.782 евра) за лет до Ница, Франција, а потоа и повеќе од 9.000 евра за престој во луксузен хотел.

Инаку, манекенката се појави во Париз на гала вечера каде ѝ беше врачена престижната награда за култура.

Додека се обидувала да ги запре солзите, таа рекла дека е „многу загрижена“ и дека „не ја контролира“ организацијата во која била повереник.

Таа додала и дека штотуку дознала дека Комисијата за добротворни цели ѝ забранила да продолжи да ја извршува должноста на повереничка на добротворната организација Fashion for Relief.

„Истражуваме што се случило бидејќи јас не ја контролирав таа добротворна организација. Контролата им ја доверив на моите адвокати и сега истражуваме што и како, со оглед на тоа што сè што правам и секој цент што ќе го соберам оди во хуманитарни цели.“

Во моментот кога министерката за култура Рашида Дати ѝ ја врачила наградата, Наоми се расплакала.

Во меѓувреме, Комисијата за добротворни цели соопшти дека над 400.000 евра од донации собрани во организацијата Наоми Кемпбел се вратени на донаторите со цел да се спречи понатамошна експлоатација на средствата.

„Дејли мејл“, исто така, по увидот на официјалните сметки на Fashion for Relief, соопшти дека организацијата потрошила повеќе од 1,9 милиони евра за организација на гала церемонијата во Кан.

Наоми Кемпбел во центарот на скандал: Трошела пари од добротворна организација на луксузни хотелски соби и спа третмани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот