Нови детали од истрагата за смртта на Метју Пери: Полицијата заплени мобилен телефон и лаптоп на славна личност

Profimedia
Фото: Профимедиа

Полициската управа во Лос Анџелес неодамна откри нови детали за смртта на Метју Пери. Полицијата го конфискувала мобилниот телефон и лаптопот на славна личност која била поврзана со смртта на Метју Пери.

Според информациите на „Ин тач“, станува збор за женско лице кое исто така било приведено на разговори, откако полицијата на Лос Анџелес заедно со Администрацијата за борба против дрогата, покренала истрага за причините за смртта на Пери.

Кога полицијата пристигнала со налог за претрес во нејзиниот дом во Лос Анџелес, таа не била присутна. Но, кога се вратила соработувала со полицијата и не ѝ ставиле лисици.

„Додека полицајците ја пребаруваа нејзината соба, земале телефон и лаптоп. Таа ангажирала адвокати и имала повеќе состаноци со полицијата откако пристигнале во нејзиниот дом. Таа не открила премногу за ситуацијата, но инспекторите морале нешто да знаат, за да добијат налог и така да се појават“, рекол изворот.

Овој медиум јавува дека го знаат идентитетот на лицето, но нема да соопштуваат детали бидејќи истрагата е во тек. Но, откриле дека таа и Пери се запознале на рехабилитација, а потоа неочекувано станале пријатели. Како што понатаму наведува изворот, приведената жена тврди дека никогаш не направила ништо за да му наштети на Пери.

Инаку, два месеци по неговата смрт, лекарите констатирале дека славниот актер починал од акутните ефекти на кетаминот.

За потсетување, Пери беше пронајден мртов на 28 октомври минатата година во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес. Според истражителот, во неговиот стомак биле пронајдени траги од кетамин, кој се користи во некои лекови за депресија. Сепак, токсиколошките извештаи покажаа дека количината на кетамин пронајдена во телото на Пери е слична на нивоата што се користат за анестезија на пациентите во болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот