Новак Ѓоковиќ пред „Вимблдон“: Коленото издржа, тоа е одличен знак

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Иако нивниот настап на овогодинешниот Вимблдон (1-14 јули 2024 год.) беше под голем прашалник, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се најдоа во ждрепката за третиот Грен слем турнир во сезоната и се уште не се откажале од намерата да се појават пред тениските фанови во Ол Ингланд клубот.

На два дена пред почетокот на турнирот во таборот на Ѓоковиќ владее оптимизам, додека во таборот на Енди Мареј неизвесност. И двајцата треба да ги одиграат првите мечеви во вторник, и двата против чешки противници: Ѓоковиќ ќе се соочи со квалификантот Вит Коприва, а Мареј со Томаш Мачач.

Седумкратниот шампион на Вимблдон, Ѓоковиќ, судејќи според изјавите што ги даде во саботата за состојбата на неговото колено, кое исто така беше подложено на хируршка интервенција, чувствува дека е подготвен за грен слем турнирот.

– Во последните три дена имав многу интензивни тренинзи. Играв поени и сетови против Синер, Френсис Тиафо, вчера имав двојна програма против Медведев и Емил Русувуори, а денеска тренирав и со Руне. Коленото добро се држеше, што е одличен знак кога станува збор за мојот настап на Вимблдон.

Кога ќе започне турнирот, дефинитивно повеќе ќе знам за тоа како реагира коленото на Грен слем меч во три сета. Сè што направив досега беше позитивно – изјави најуспешниот тенисер на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот