Новак Ѓоковиќ го престигна Алкараз на најновата АТП ранг листа

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше на најновата АТП листа иако не одигра ниту еден меч.

Ѓоковиќ од овој понеделник е втор во светот, откако го престигна Карлос Алкараз, кој сега има 230 поени повеќе од него.

Шпанецот Алкараз загуби од Џек Дрејпер во осминафиналето на Квинс, турнир во Лондон кој се игра на тревна подлога. Ја бранеше титулата од минатата сезона, загуби 450 бодови, а како резултат на тоа падна на третото место.

Прв и понатаму е Јаник Синер, кој го освои турнирот во Хале и го подобри својот резултатски учинок.

АТП листа:

1. Јаник Синер (Италија) 9.890
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.360
3. Карлос Алкараз (Шпанија) 8.130
4. Александар Зверев (Германија) 6.905
5. Данил Медведев (Русија) 6.445
6. Андреј Рубљов (Русија) 4.420
7. Хуберт Хуркач (Полска) 4.235
8. Каспер Руд (Норвешка) 4.025
9. Алекс де Манор (Австралија) 3.830
10. Григор Димитров (Бугарија) 3.750

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот