Нова вкусна идеја за ова попладне – Направете го овој шарен колач (РЕЦЕПТ)

Уживајте вие заедно со вашето семејство или пријателите во овој вкусен колач…

 

Состојки:

За тестото:

5 јајца
180 грама шеќер
малку ванила во прав, екстракт или ванилин шеќер
125 милилитри масло за јадење
300 грама брашно
1 прашок за печиво
100 грама мелени ореви или лешници
1 полна лажица какао

За кремот:

400 грама несолено сирење
120 грама шеќер во прав
1 пакување пудинг од ванила

 

Подготовка:

Во подлабок сад, најпрвин изматете ги јајцата и шеќерот. Матете додека не добиете цврста пена. Потоа, во смесата, малку по малку, додајте ги маслото и млекото. Повторно измешајте. На страна во друг сад, измешајте ги брашното, прашокот за печиво и какаото и ставете ги во смесата од јајца и шеќер. Измешајте ги рачно, со маталка. На крај, додајте и ореви.

Вака подготвеното тесто, ставете го во тава за печење, која сте ја обложиле со хартија за печење.

Подготвениот колач, печете го во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 35 минути. Кога колачот ќе биде готов, исечете го на коцки, притоа, не досекувајќи го докрај.

Додека чекате колачот да се излади, подгответе го филот.

Пудингот сварете го според упатството за употреба, а потоа почекајте убаво да се излади. Во него додајте ги несоленото сирење и шеќерот. Сите состојки убаво изматете ги со киксер. Доколку смесата не е доволно течна за да поминува низ готварски шприц, слободно додајте и неколку лажици млеко.

Засеците наполнете ги со претходно подготвениот фил, со помош на готварски шприц. На тој начин ќе добиете уникатен шарен колач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот