Нова тужба за раперот Диди: Поранешна порно актерка тврди дека ја принудувал на секс со други

Шон Комбс - Диди / Фото: EPA/PAUL BUCK

Раперот Шон Комбс, попознат како Диди, се соочува со уште еден случај на сексуален напад, откако една жена излезе со нови обвиненија против него, пренесува „Скај њус“.

Имено, поранешната порно актерка Адриа Инглиш го обвини дека ја принудил на секс со гостин, на забава во 2007 годинана. Исто така, наведува дека Диди барал таа да има секс со гости на други забави кои ги одржувал во Њујорк и Флорида.

Нејзината тужба е поднесена во средата и се наведува дека тој се заканил дека ќе ја уништи нејзината кариера, како и кариерата на нејзиното момче, доколку таа одбие.

Жалбата што против него поранешната порно ѕвезда ја поднесе во Њујорк е последната од неколкуте тужби поднесени против раперот последниве месеци.

Неодамна беше објавено видео во кое тој физички ја напаѓа својата тогашна девојка, пејачката Кеси Вентура.

Адвокатот на Комбс рече дека без разлика колку тужби ќе бидат поднесени, тоа нема да го смени фактот дека раперот никогаш никого сексуално не злоставувал.

„Живееме во свет во кој секој може да поднесе тужба од која било причина и без никакви докази. За среќа, постои фер и непристрасен судски процес и Комбс е уверен дека ќе победи“, изјавил адвокатот на Комбс.

ВИДЕО | „Го допрев дното“: Прво огласување на Диди по вознемирувачката снимка на која брутално ја тепа Каси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот