Нова трагедија кај Канарските Острови – во бродолом загинаа најмалку деветмина мигранти

Најмалку девет луѓе загинаа, а уште 48 се водат како исчезнати откако брод со мигранти се преврте за време на спасувачка операција во близина на Канарските острови, соопштија во саботата шпанските власти.

Шпанската поморска спасувачка служба соопшти дека трагедијата се случила откако било дојавено за присуство на мал брод натоварен со луѓе на околу шест километри од островот Ел Хиеро. Бродот се превртел кога премногу луѓе се префрлиле на едната страна за време на обидот за спасување, се вели во соопштението на спасувачката служба.

Спасувачите спасија 27 луѓе, а потврдија дека има девет мртви.

Службата соопшти дека акцијата за спасување била отежната, бидејќи била извршена во текот на ноќта и под налетите на ветровите кои достигнале јачина од 20 јазли. Во акцијата учествуваа спасувачки бродови и хеликоптери на поморската спасувачка служба, Цивилната гарда, Црвениот крст и локалната самоуправа.

Атлантскиот пат за мигранти од Западна Африка до Канарските Острови е еден од најсмртоносните во светот. Иако нема точна бројка на загинати поради недостигот на информации за заминувањата од Западна Африка, шпанската група за заштита на мигрантите „Walking Borders“ проценува дека жртвите се илјадници.

Над 26.000 луѓе пристигнале преку море на Канарските острови досега оваа година, во споредба со околу 14.000 во истиот период минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот