Нова студија: Цревните бактерии можат да предизвикаат глад и неконтролирано јадење

Фото: Профимедиа

Одредени бактерии во цревата можат да го зголемат ризикот од глад кај луѓето, што може да доведе до дебелеење со текот на времето, сугерира новата студија, а пренесува „Ен-би-си“.

Во серија експерименти, глувците и луѓето склони кон прејадување имале слични нивоа на два вида бактерии во нивните црева – едната штетна, другата корисна.

Во извештајот презентиран на состанокот на Здружението на европските здруженија за неврологија, експертите утврдиле дека со зголемување на бројот на бенигни и корисни бактерии блаутиум, успеале да спречат монотоно и неконтролирано јадење кај глувците.

Новите наоди се „многу важни бидејќи покажуваат дека овој тип бактерии всушност штити од развој на зависност од компулсивно јадење“, вели Елена Мартин Гарсија, учесник во студијата и доцент на Универзитетот Помпеу Фабра во Барселона.

Утробата зборува со мозокот

Тимот ги проучувал и глувците и луѓето за да ги види сличностите во микробиомите.

Иако зависноста од храна не е препознаена како валидна дијагноза, нутриционистите знаат дека на многу луѓе им е многу тешко да го контролираат внесот на ултра-обработена храна, како што се грицките и слатките.

Истражувачите не се сигурни како бактериите штитат од развојот на компулсивно јадење, но тие имаат некои теории.

„Шпекулираме дека цревата разговара со мозокот и влијае на функцијата на некои делови од мозокот, како што е орбитофронталниот кортекс, кој е одговорен за самоконтрола“, истакнува Мартин-Гарсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот