Нова провокација на Зеленски: Украина носи закон со кој ги разлути Русите

epa09214680 Ukrainian President Volodymyr Zelensky speaks during a press conference at the Antonov aircraft plant in Kiev, Ukraine, 20 May 2021. Zelensky answered journalists' questions during a press conference about his two years in office. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот врховен суд усвои закон за домородните народи на Украина во кој не се вклучени Русите. Иницијативата за усвојување на законот беше покрената од претседателот Володомир Зеленски. На денешната вонредна седница законот беше поддржан од страна на 326 пратеници и ќе стапи на сила откако претседателот ќе потпише, пернесува ТАС.

Со законот се дефинираат правата на домородните народи од етничката заедница кои потекнуваат од територијата на Украина, који имаат свој оригинален јазик и култура, традиционални, солијални, културни и застапнички органи, чувствувајќи се како „вистински“ народ на Украина. Во главно овој закон ги опфаќа етничките малцинства кои живеат во земјата, а немаат свои сопствени држави надвор од Украина.

Што всушност ги разлутува Русите?

Во дефиницијата на законот стои дека, на Крим овој статус го имаат кримските Татари, Краими и Кримчари, додека Русите не се сметаат за домороден народ на Украина.

Иницијативата на Зеленски и предлогот на законот донеа големи критики во Русија, а како што кажа заменик претседателот на Државната дума на Русија, Петар Толстој, Украинците бришат од својата историја 20 милиони Руси.

Руската православна црква им порача на Украинците дека таквата одлука може да ја наруши стабилноста и интегритетот на Украина.

Потпаролкатка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова примети дека проблемот на Украинците со домородните народи е присутен на сите меѓународни дебати и дека за тоа се зборува со раководството на различните меѓународни структури, а додаде и дека со ваква иницијатива тие дискриминираат милиони Руси.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинскиот закон не е во склоп со нормите на меѓународните хуманитарни права и носи озбилна штета на рускиот народ.

Зеленски остро му одговори на Путин: Да бевме ист народ, сега во Москва ќе се вееше украинско знаме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот