Норвешката принцеза се мажи за шаман бисексуалец: Поради него се откажа од кралските должности

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ princessmarthalouise

Норвешката принцеза Марта Луиз ќе се мажи за помалку од два месеци. На 31 август таа ќе му каже „да“ на својот вереник Дурек Верет.

Церемонијата ќе има два дела предводени од официјални лица од различни религии, пишува „Дејли мејл“.

„Среќни сме што можеме да објавиме дека на нашата венчавка во Гејрангер на 31 август по церемонијата на норвешката црковна венчавка ќе чиноначалствува пречесниот Маргит Ловис Холте. Мајкл Беквит исто така ќе учествува на церемонијата со поздравен говор“, рече принцезата. За да можат на свадбата да дојдат гости од целиот свет, парот резервирал неколку хотели во околината. Гостите таму ќе престојуваат во текот на четирите дена на прослава.

На денот на свадбата гостите ќе уживаат во тричасовно возење со брод по фјордот Гејрангер кој ќе ги однесе на церемонијата. По церемонијата ќе следи дочек и забава во норвешки хотел. Гостите ќе ги забавува американскиот бенд Black Eyed Peas. Во поканата пишувало дека нема да биде дозволено фотографирање на венчавката.

Потсетуваме, Марта Луиз пред две години ја напушти функцијата работен член на кралското семејство, најмногу поради контроверзните ставови на нејзиниот партнер. Дурек се декларира како бисексуалец и се нарекува шаман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот