Нормализиран сообраќајот на магистралата Куманово – Крива Паланка

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка е нормализиран, по прекинот од речиси седум часа, поради сообраќајка помеѓу две товарни возила кај населеното место Стамболици, во атарот на село Конопница, кривопаланечко.

Од околу 10 часот изутрината сообраќајот беше во целосен прекин, а од Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи Куманово потврдија дека станува збор за товарни возила со приклучни приколки.

Во времето на прекин на сообраќајот на магистралниот пат А2, патничките моторни возила се пренасочуваа кај село Т’лминци кај Пролетерски гаражи по локалниот пат низ село Конопница, но тешките товарни возила и автобусите беа заглавени во повеќекилометарска колона.

Сообраќајка на две товарни возила, во прекин сообраќајот на магистралата Куманово – Крива Паланка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот