Њујорк Тајмс: Се очекува за неколку часа Иран да го нападне Израел

„Њујорк тајмс“ цитира тројца израелски официјални лица кои велат дека очекуваниот ирански напад ќе вклучува беспилотни летала и проектили, како и американски функционер кој предвидува балистички ракети. Се вели дека нападот се очекува да биде „во наредните часови“.

Кога Иран го нападна Израел во април, беше пресметано дека на балистичките ракети им требаат 12 минути за да стигнат до Израел од Иран, на крстосувачките ракети два часа и на беспилотните летала околу девет часа за да стигнат до нивната цел.

Тројцата израелски функционери, цитирани анонимно од Тајмс, рекоа дека Иран ќе таргетира три воени воздушни бази и „разузнавачки штаб северно од Тел Авив“.

И покрај тоа што во април беше избегната сеопфатна војна, Тајмс цитира дипломати и експерти кои велат дека сега е поверојатна голема војна, „со тоа што Израел се очекува силно да возврати по секој нов ирански напад“.

Инаку Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Израел издаде соопштение во кое ги упатува сите „вработени во владата на САД и членовите на нивните семејства да се засолнат до понатамошно известување“.

Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари истакна дека Израел и неговите сојузници се во состојба на висока подготвеност и секој напад од Иран би имал реперкусии.

Предупредување од амбасадата на САД во Израел: Веднаш да се засолнат нашите вработени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот