Николовски: ВМРО-ДПМНЕ за сто дена испорача разочарувања, пониски плати и безидејност

Првите 100 дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ не ветуваат дека земјата оди во правилна насока, рече пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва во „Тема на денот“ на „Сител“.

Николовски во интервјуто рече дека актуелната власт „нема јасна и конкретна стратегија за водење на државата“, што преставува ризик за иднината на граѓаните.

„Нема тим во Владата, немаме јасна стартегија што е тоа што се прави. За прв пат после многу години го добивме најголемото разочарување со раздвојување од Албанија, што е најлошата порака во првите 100 дена особено за младите луѓе. Нема нови политики, има уназадување во сите сегмети. Навистина првите сто дена не ветуваат дека земјата оди во правилна насока“, рече Николовски.

Тој додаде дека владата на Мицкоски не го исполнила ниту ветувањето за повисоки плати, а нема ништо и од ветените инвестиции.

„Имаме за прв пат намалување на просечната плата, нема зголемување на минималната плата, нема ниту една нова инвестиција којашто е изменаџирана токму од новата власт, освен оградата на Владата, споменикот на Ќосето, заемот од Унгарија и прешалтувањето кон исток и разграничување со ЕУ, со нашата стратешка насока. Ние ја внесовме државата во НАТО и следната стратешка цел беше ЕУ. И тоа е сон на сите генерации. Сега во првите 100 дена го имаме најголемото разочарување, гледаме дека Владата не ни сака да го задржи патот кон ЕУ.Доколку не одиме кон ЕУ, која е другата алтернатива на премиерот Мицкоски?“, рече Николовски и додаде дека Македонија имаше јасен евроатлански пат и беше пример за добрососедски односи , за разлика од сега кога за 100 дена актуелната власт се раскара со соседите, државата се уназадува, што не во прилог на остварување на стратешките цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот