Николовски: Владата нема цел да ја внесе земјата во ЕУ

Љупчо Николовски/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски на своето гостување во емисијата Објектив, вели дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема за цел да ја внесе државата во ЕУ.

-Додека земјите од регионот одат кон ЕУ, нас никој нема да не чека да си зборуваме за фрустрациите. После НАТО, членството во ЕУ е наша стратешка цел и друга алтернатива немаме. На младите генерации им е преку глава од национализам и политикантство. Тие очекуваат реформи, пристап до отворениот пазар на ЕУ и до фондовите како и брзо остварување на стратешката цел за членство, а со тоа и враќање на довербата во системот и европски квалитет на живот за да останат дома. Пример е секторот земјоделството и храна каде со многу работа остваривме силен напредок, ги спроведовме реформите и сме лидери во искористеноста на европските фондови. За жал, оваа Влада не враќа назад и после успешниот скрининг не прави ништо на овој план додека земјите од регионот одат напред и се одвојуваат од нас, рече Николовски.

Клучното ветување во кампањата на ДПМНЕ беше дека ќе ја менуваат преговарачката рамка, ајде сега нека обезбеди промена на преговарачката рамка со одложено дејство на уставните измени, со две раце тоа ќе го поддржиме, нека ги убедат сите земји членки во тоа ние ќе го поздравиме, но знаат дека тоа не е можно, додаде Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот