Николоски се сретна со извршниот директор на Визер, разговарале за државните субвенции

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска се сретнал со извршниот директор на авиокомпанијата „Визер“, Јозеф Варади, соопштија од неговиот кабинет.

„На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу „Визер“ како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Северна Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата. Исто така на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата „Визер“ за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период. На средбата тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересирани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик“, се вели во соопштението од кабинетото на министерот Николоски.

Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, додаваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот