Николо Ѕаниоло ќе биде нов фудбалер на Аталанта

фото: EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

Николо Ѕаниоло се враќа во Италија по епизодите во Англија и Турција. Како што пренесуваат италијанските медиуми, поранешниот фудбалер на Рома и Интер ќе биде нов играч на Аталанта.

Ѕаниоло пристигнува на позајмица, која ќе го чини клубот од Бергамо шест милиони евра со необврзан откуп од 14 милиони евра.

Да потсетиме, во 2018 година се пресели од Интер во Рома за помалку од седум милиони евра, а во февруари 2023 година потпиша за Галатасарај за 15 милиони.

Со бонуси за голови, асистенции и тимски резултати Галата од овој трансфер на крајот би можела да заработи 22 милиони евра.

Претходната натпреварувачка сезона Ѕаниоло ја помина на позајмица во екипата на Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот