Ни се ближи драстично заладување, во понеделник температурите пониски и за 13 степени

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре ќе настапи позначителна промена на времето, информираат од УХМР.

-Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер, наместа над 70 километри на час кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали – утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени, соопшти УХМР.

Промената на времето ќе почне вечер од запад, каде што облачноста постепено ќе се зголемува. И во Скопје облачноста ќе се зголеми во текот на ноќта.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник и среда времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

-Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, најавува УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот