Незири со сопартијците избраа шеф на изборен штаб на ДУИ за Чаир

Беким Незири, ДУИ Фото: Фејбук Незири

Беким Незири, претседател на чаирскиот огранок на ДУИ и осомничен за упадот во М-НАВ, синоќа на состанок со сопартијците Артан Груби, Бујар Османи, Назим и Наим Буши и други го назначиле Суат Алија за шеф на изборниот штаб на ДУИ за Чаир.

Незири во објава на Фејсбук напиша:

„Суат Алија, оперативниот секретар на огранокот Чаир, ќе раководи со штабот на огранокот Чаир! Почитувани членови, симпатизери и високо почитувани граѓани на Чаири, Ве известувам дека на состанокот одржан вечерва, огранокот Чаир предложи и едногласно одобри на чело на штабот на Чаири да биде Суат Алија, а заменик шеф на кабинет Бујар Османи и Артан Груби. Секретар на штабот ќе биде Назим Буши, а член на раководството на штабот Ејуп Алими. Со овој избор, изборот на локалните шефови на кабинети, шеф на кабинет на Младинскиот форум и Секретаријатот за еднакви можности, полека се формира структурата на штабот и победничкиот тим. Посакувам од се срце да имаме достоинствена кампања, да се натпреваруваме со конкретни програми и проекти и да го извојуваме најдоброто за граѓаните, што несомнено ќе биде Демократската унија за интеграција со нашиот лидер, лидерот на Албанците Али Ахмети!“

Незири во изјава за „Слободен печат“ ги негира информациите во дел портали дека е сменет од претседателската функција на чаирскиот огранок.

ДУИ неодамна го избра Фатмир Бесими за шеф на централниот изборен штаб на ДУИ. Со изборот на Алија синоќа во Чаир, ДУИ веќе има назначено шефови на изборни штабови во девет ограноци на партијата.

Незири пред десет дена беше пуштен од куќен притвор. Обвинителот од скопското Обвинителство кој го гони Незири за упадот во М-НАВ бил дециден дека осомничениот требало да остане во куќен притвор, истовремено, виш обвинител посочил дека треба да биде пуштен да се брани од слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот