Невремето направи хаос – паднати далеководи, делови од Скопје без струја

фото: ЕВН

Невремето кое попладнево го зафати Скопје направи сериозна штета во дистрибутивната мрежа. Жителите на Аеродром веќе еден час се без струја. Од Електродистрибуција информираа дека екипите се на терен и го нормализираат снабдувањето со електрична енергија.

„Денешното невреме во Скопје предизвика сериозна штета во дистрибутивната мрежа.
Засилени екипи на Електродистрибуција се на терен. Во моментов два 110кВ далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон“, информираа од Електродистрибуција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот