Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Невреме во кривопаланечкото село Добровница Фото: Фејсбук/Млаѓан Ѓорѓиевски

Попладнево Дебарско го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења.

Улиците беа преполни со вода, има паднати гранки од неколку дрвја, но за среќа штетите кај земјоделските посеви, според надлежните, се незначителни, поради малиот обем на зрната град.

– Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени подрумски простории но граѓаните вообичаено не пријавуваат, изјави Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК- Дебар.

Поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот дебарски регион, порачуваат од секцијата на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот