Нетанјаху: Нема замена за победата над Хамас

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху/ EPA/DAN BALILTY / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека израелските сили дејствуваат во Рафа на југот и на северот на Појасот Газа, насекаде, како што рече, и дека нема замена за победа над Хамас.

Тој на почетокот на редовната седница на неговата Влада изјави дека „секојдневно се убиваат десетици терористи“.

„Тоа е тешка борба и се води над земја, понекогаш лице в лице, а исто така и под земја“, рече израелскиот лидер.

„Ние сме посветени на борбата додека не ги постигнеме сите наши цели, елиминирање на Хамас, враќање на сите наши заложници и да обезбедиме Газа никогаш повеќе да не претставува закана за Израел, а нашите граѓани безбедно да се вратат во своите домови на север и на југ“, додаде Нетанјаху.

Тој повтори дека нема замена за победата. „Нашите борци не паднаа залудно. Нема да ја прекинеме војната додека не ги постигнеме тие цели“, рече премиерот на Израел и најави дека во текот на денот ќе ја процени ситуацијата со Јужната команда на израелската армија и внимателно ќе го следи напредокот на борбите и плановите за постигнување на целите на војната.

Во однос на ослободувањето на заложниците, тој истакна дека нема промена во ставот на Израел за предлогот за ослободување што го поздрави американскиот претседател Џо Бајден.

„Денес, сите ја знаат едноставната вистина, Хамас е единствената пречка за ослободување на нашите заложници“, рече Нетанјаху и најави дека преку комбинација на дипломатски и воен притисок, особено воен, ќе бидат вратени сите 120 заложници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот