Нетанјаху: Израелските тимови ќе ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Либан

Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израел ги споделува целите на иницијативата предводена од САД за прекин на огнот во Либан, соопштија денеска од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Израел ги споделува целите на иницијативата предводена од САД да им овозможи на луѓето долж нашата северна граница безбедно и сигурно да се вратат во своите домови“, се наведува во соопштението од Кабинетот, додавајќи дека Израел ги цени американските напори, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелските и американските тимови се состануваат за да разговараат за иницијативата на САД за прекин на огнот во Либан и начините за постигнување на заедничката цел за безбедно враќање на луѓето во нивните домови, а тие разговори ќе продолжат во наредните денови, се наведува во соопштението.

Претходно неделава, се додава од кабинетот на Нетанјаху, САД ја споделија со Израел својата намера, заедно со другите меѓународни и регионални партнери, да предложат прекин на огнот во Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот