Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на Северен Израел не се вратат дома.

– На Хезболах му нанесуваме удари кои не можеше да ги замисли, тоа го правиме со сила и со трикови. Можам да ви ветам едно: нема да застанеме додека не се вратат дома, рече Нетанјаху во видеопорака што ја објави неговиот кабинет.

Неименуван израелски функционер во меѓувреме изјави за Си-ен-ен дека Нетанјаху ѝ дал дозвола на неговата влада да се вклучи во напорите на САД во посредување за прекин на огнот во Либан.

Нетанјаху дал одобрение под услов секој договор да овозможува враќање на израелските цивили во нивните домови во Северен Израел и подоцна додаде дека нема да мирува додека тоа не се случи.

Советникот на Белата куќа Амос Хохштајн е вклучен во преговорите за прекин на огнот, но Американците не разговараат директно со Хезболах.

Си-ен-ен јави дека САД итно работат на план за намалување на тензиите меѓу Хезболах и Израел поради зголемената загриженост дека конфликтот може да ескалира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот