Нетанјаху ги пофали постапките на САД: На Трамп треба да му се честита за брзата и храбра одлука

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Тој рече дека Израел цврсто го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека треба да му се честита на лидерот на САД за брзата, смела и одлучна одлука во врска со Иран.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес предупреди дека Израел жестоко ќе одговори на секој напад и порача дека цврсто стои со Соединетите Американски Држави, како и дека го поддржува убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

– Кој и да се обиде да не нападне, ќе прими најсилен удар – порача Нетанјаху од Ерусалим.

Тој рече дека Израел цврсто го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека треба да му се честита на лидерот на САД за брзата, смела и одлучна одлука во врска со Иран.

Иран претходно се закани дека ќе ја бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи ако САД се одмаздат за синоќешниот ирански ракетен напад на двете американски бази во Ирак.

– Ги предупредуваме сите американски сојузници кои доделиле бази на нивната терористичка војска, дека секоја територија која ќе послужи како почетна точка за агресивни акти против Иран ќе биде цел – соопшти Иранската национална гарда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот