Несовесни граѓани малтретирале улично куче, животното во моментов е згрижено во „Лајка“

Фото: ЈП „Лајка“

Со загноена рана околу вратот, настаната како последица од жица која му била врзана од страна на несовесни граѓани, уличното куче Расел само се појавило пред прифатилиштето на ЈП „Лајка“ каде што веднаш му била пружена соодветна медицинска грижа и заштита.

Фото: ЈП „Лајка“

– Во нашето секојдневно работење, често сме сведоци на многу немили настани, каде врз бездомните кучиња се искажува револтот и суровоста од страна на несовесните граѓани. Таква е и приказната за Расел, преубавиот стафорд кој пред само неколку дена се појави сам пред портите на прифатилиштето на ЈП „Лајка“ во загрижувачка состојба со загноена рана околу вратот, настаната како последица од жица која му била врзана. Расел е заловен пред една година од заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“, го има поминато целиот хуман третман и беше вратен на локација по истекот на неговиот престој во ЈП „Лајка“ ,поради немање на интерес за негово вдомување – објаснуваат од ова јавно претпријатие.

РАСЕЛ
Фото: ЈП „Лајка“
Фото: ЈП „Лајка“
Фото: ЈП „Лајка“

Според надлежните од претпријатието, ова не е првпат Расел да се врати во прифатилиштето откако е вратен на својата матична локација. Според нив, кучето досега се има вратено два пати, што како што велат оттаму е доволен доказ за тоа колку му годел третманот и љубовта од негователите.

– Расел во моментот е под стручен надзор и интензивна нега на ветеринарниот тим во Амбулантата на јавното претпријатие “Лајка” и прима соодветна терапија. Со оваа приказна би сакале да упатиме јасна порака до граѓаните – бездомните животни не заслужуваат да бидат малтретирани и тие имаат душа како и нас луѓето. Да не дозволиме ниту едно друго куче да биде Расел! – децидни се од ЈП „Лајка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот