Непознат воен авион нападнал нафтени полиња во Сирија

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI / илустрација

Неидентификуван воен авион денеска нападнал област богата со нафта во источна Сирија, контролирана од владините сили и ирански групи, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија.

Во соопштението на Центарот се наведува дека се слушнале пет експлозии во овој напад, втор во последната недела, но во него нема жртви или материјална штета.

Дир Ез-Зор е стратешка провинција која се граничи со Ирак и има нафтени полиња. Полицијата и режимските сили поддржани од Иран ја контролираат областа и често се мета на израелски напади.

Израел во текот на годините изврши стотици напади врз цели во Сирија, но ретко презема одговорност.

Минатата недела во израелски ракетен напад врз предградијата на сирискиот главен град Дамаск загинаа четворица војници, а тројца беа ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот