НЕПЛАНИРАНО СЕ РАЗВЕСЕЛИЛЕ: По грешка послужиле колач со МАРИХУАНА на погреб

Фото: Профимедиа

Еден погреб во источна Германија завршил ненамерно во друго расположение, кога на посетителите по грешка им била послужена торта во која имало марихуана, соопштила денеска германската полиција во Росток.

Како што се наведува, по погребот присутните се собрале во еден ресторан во Витаген за да се послужат со кафе и торта, како што е обичај по погреб во Германија, но откако ја изеле тортата, 13 лица осетила мачнина и вртоглавица, па побарале помош од доктор, пренесува АП.

Истрагата покажала дека вработена во ресторанот, задолжена за колачите, ја замолила 18-годишната ќерка да ги испече, но по грешка од фрижидерот ја земала погрешната торта и ја послужила на погребот.

Таа по грешка ја земала тортата со марихуана, направена за друга прилика.

Полицијата навела дека 18-годишната девојка е под истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот