Неочекуваната улога на компирот: Храна која е идеална за зајакнување на имунитетот

Фото: sousvideguy / Flickr

Кога размислуваме како да го зајакнеме нашиот имунолошки систем, првото нешто што ни паѓа на ум е витаминот Ц. Овој витамин е важен антиоксиданс и делува на неутрализирање на слободните радикали кои се одговорни за оштетување на клетките.

Покрај тоа, витаминот Ц го стимулира телото да создава колаген и ја стимулира апсорпцијата на железо, пишува „Пун куфер“.

Од мали нозе вашите родители сигурно ви нуделе овошни сокови, бидејќи придобивките од витаминот Ц се познати одамна. Но, денес нашите сознанија за неговите реални ефекти се зголемени уште повеќе, а со тоа и знаењето за тоа која храна најмногу го има. Една од намирниците исклучително богата со овој витамин е токму компирот.

Фото: Pexels

Предноста што храната ја има во однос на разните суплементи е што повеќето витамини најдобро се апсорбираат додека се јадат. Компирите ѝ припаѓаат на т.н „храна богата со хранливи материи“ како што се слаткиот компир и морковот. Покрај веќе споменатиот витамин Ц, компирите се богати и со калиум, влакна, протеини , витамин Е, калциум, железо и магнезиум.

Со оглед на тоа дека се работи за релативно евтина намирница, односот цена-квалитет е несомнен. Мит е дека здравата исхрана е скапа, а исто така погрешно е мислењето дека компирот е само маса од скроб како што често ги перципираме.

Клучот за здравјето е во разновидна исхрана. Па, ако имате желба за убави крцкави компири – почестете се без каење!

Печете и уживајте: Рецепт за фантастични полнети компири кои ќе ве стоплат оваа есен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот