„Нема веќе злоупотреба на службени возила за приватни цели“: Томовски ги најави табличките во боја

ФОТО : Службени владини возила паркирани на плоштад / Дејан Србиновски

„Денеска остварив координативна средба со претставници на кабинетот на претседателот на Влада, кабинетот на министерот за добро владеење, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи и со Министерството за енергетика и рударство“, напиша на Фејсбук директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

„Носиме решенија за единствен регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја како службените возила лесно би се идентификувале. За тоа е потребна и интервенција во законот која ќе биде направена. Целта е да се направи полесно следење на употребата на службените ресурси и да се зголеми транспарентноста при користењето на заедничките добра, како и воспоставување на механизам за заштита од можна злоупотреба. Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели. Посветено исполнуваме уште едно ветување“, напиша Томовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот