Неколку случаи на ковид во Генералштабот на САД, меѓу нив и началникот Марк Мили

Генерал Марк Мили/ Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мили, е позитивен на ковид и е во изолација, пишува Си-Ен-Ен.

Полковникот Дејв Батлер, портпарол на Здружениот штаб, во изјавата рече дека Мили има „многу мали симптоми“ и дека може да ги извршува своите должности од далечина.

Батлер рече дека Мили е целосно вакциниран против ковид и дека примил дополнителна доза од вакцината.

Последниот контакт на Мили со претседателот Бајден беше на погребот на генералот Рајмонд Т. Одиерно, кој почина во октомври на 67-годишна возраст.

Исто така во понеделникот, Маринскиот корпус соопшти дека командантот генерал Дејвид Бергер е позитивен на ковид.

„Извршувањето на неговите должности ќе остане непроменето“, изјави за Хил портпаролот на командантот, мајор Ерик Фланаган.

Мили и Фланаган се најновите врвни функционери од одбраната кои се позитивни на ковид овој месец. Министерот за одбрана Лојд Остин на 2 јануари објави дека бил позитивен на коронавирусот.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби минатата недела објави дека Остин е негативен и дека се вратил во канцеларијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот