„Не нè плашат ќорците на тројанскиот коњ и лажен патриот Максим Димитриевски“, велат од СДСМ

Фото: СДСМ

– Максим Димитривски за неколку фотељи и градоначалничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.

– Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, велат од СДСМ.

Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат.

„СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата“, истакнуваат од опозициската партија.

СДСМ, додаваат тие, е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречува штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ.

„Сега веќе работите се јасни а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ.

Димитриевски замолче како мало дете пред Касами а неговите изблици на лажен патриотизам беа замолчани уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски. Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот“, се потенцира во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот