Не ги фрлајте семките од лубеницата: Тие се корисни за здравјето, но и за убавината

Фото: Pexels / Anfisa Eremina

Во нашиот регион кога се јаде лубеница најчесто се фрлаат нејзините семки, додека, на пример, во Тајланд се високо ценети и се важен прехранбен производ. Луѓето таму со задоволство ги јадат, но се извезуваат и низ целиот свет – свежи, сушени или во прав. На пример, кесичка со малку повеќе од 100 грама сушени и сечкани семки за чај на интернет се продава околу 13 долари.

За да ги искористите придобивките од семките за вашето здравје и убавина, не е доволно само да ги голтнете цели додека јадете лубеница, бидејќи на тој начин тие само ќе поминат низ дигестивниот систем без да ги искористат нивните придобивки. Важно е да ги исечкате или изџвакате и така да ги јадете.

Можете да ги измелете во прав кој подоцна се додава во јадења, сокови… Или пак, да ги пржите на тава и да ги грицкате како закуска. Ако ги исушите и исечкате, ќе добиете одличен чај, пренесува „24сата.хр“.

Содржат важни аминокиселини

Тие содржат аргинин, лизин, глутаминска киселина, триптофан и други важни аминокиселини кои нашето тело не може да ги произведе самостојно. Тие се доста важни за нашиот организам, на пример аргининот го подобрува метаболизмот и го подобрува сексуалното здравје, како и здравјето на срцето.

Богати се со магнезиум, ликопен…

Сто грама семки од лубеница содржат 139 проценти од препорачаната дневна потреба за магнезиум. Тој е минерал важен за многу работи во нашето тело, вклучувајќи го и здравјето на кардиоваскуларниот систем и нормализирање на крвниот притисок.

Ликопенот е важен антиоксиданс, со кој изобилуваат и семките од лубеницата. Добро е за здравјето на срцето и за машката плодност. Тие исто така содржат многу витамини од групата Б, како што се ниацин, фолна киселина, пантотенска киселина, тиамин и рибофлавин.

Одлични се за убава кожа и коса

Грицкањето на овие семки ќе го подобри изгледот на вашата кожа, која ќе стане посветла, ќе изгледа поздраво и ќе старее побавно. Семките содржат масни киселини кои имаат способност да ја хидратираат, ја зајакнуваат и омекнуваат кожата и ја штитат од акни и други кожни проблеми.

Консумирањето на семките исто така ќе направи вашата коса да блесне – таа ќе стане поздрава, посилна и посјајна. Семките од лубеницата содржат и бакар, кој помага во производството на меланин, пигментот одговорен за бојата на кожата и косата.

Белиот дел од лубеницата е исто така здрав

Во белиот дел од лубеницата, кој е до самата кора и најчесто завршува во ѓубре, има изобилство од витамини Б6, Ц, А, магнезиум, цинк и калиум. Содржи и аминокиселина цитрулин, која е одлична за здравјето на срцето и крвните садови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот