Навивачите протестираат против доделувањето билети за инфлуенсерите

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

„Вистинските фанови“ често се жалат дека инфлуенсерите добиваат бесплатни билети од спонзорите и партнерите и им ги одземаат местата. Истото важи и за Европското првенство во Германија

Таканаречените инфлуенсери се повеќе добиваат бесплатни места на германските фудбалски стадиони, бидејќи клубовите тоа го сметаат за маркетинг.

Навивачите протестираат и бараат тие столчиња да се одвојат.

– Дали некој доаѓа на стадионот затоа што е заинтересиран за играта? Има нормални делови на трибините за тоа – изјави Томас Кесен, претставник на здружението на германските навивачи за ДПА.

– Ако некој дојде на стадионот да работи и некако да заработи? Тогаш треба да оди во прес-секцијата – рече Кесен.

Имено, „вистинските фанови“ често се жалат дека инфлуенсерите добиваат бесплатни билети од спонзорите и партнерите и им ги одземаат местата. Истото важи и за Европското првенство во Германија.

– Ако на навивачите им ги одземате местата, особено за Дортмунд, Баерн или Шалке, кои се секогаш распродадени и за кои инаку е тешко да се набават билети, тогаш таквото однесување навистина може да се осуди – додаде тој.

Според него, во најмала рака е погрешна практиката „одвојување билети за луѓе кои немаат интерес за играта, туку само за себепромоција“.

ВИДЕО | Фудбалерите на Грузија спектакуларно пречекани во Тбилиси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот