Научници тврдат дека лилјаците се отпорни на коронавирусот

Со изолирање на генот на лилјакот, научниците дошле до заклучок дека ова животно има уникатен имунолошки систем и е отпорно на коронавирусот, изјави Ема Тилинг, професор на Универзитетот во Даблин.

Според неа, доколку научниците би можеле да најдат начин да го имитираат имунолошкиот систем на лилјакот, можеби во природата ќе може да се најде лек за коронавирусот.

– Се тоа би можело да им укаже на научниците на чекорите кои треба да ги преземат за да дојдат до лек против коронавирусот – нагласи Тилинг.

Таа го започна научниот проект Bat1K, со цел да се декодираат гените на секој од 1.421 познат вид на лилјаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот