Научниците тврдат дека откриле како точно настанал животот на Земјата

Фото: Принтскрин/Wikimedia Commons

Тим научници од Универзитетот Пурдју тврдат дека откриле хемиски елементи кои се одговорни за потеклото на животот на Земјата. И тоа во обична капка вода. Тие  ја откриле „хемијата која стои зад настанувањето на животот“ на Земјата во едноставни капки вода.

Греам Кукс, професор по хемија на Универзитетот Пурдју и главен автор на новото истражување, во соопштението го нарече тоа „драматично откритие“, бидејќи ја открило „тајната состојка за создавање живот“.

Станува збор за хемиски соединенија одговорни за почетокот на животот. Ова е првиот показател дека праисконските молекули, едноставни аминокиселини, спонтано формирале пептиди, градежни блокови на животот, во капка чиста вода, напишал Кукс во соопштението.

Едноставно кажано, студијата на Кукс ја потврди теоријата за која се дебатира со децении – дека животот на Земјата потекнува од океаните. Аминокиселините, за кои научниците веруваат дека дошле на Земјата благодарение на дождот од метеорити, можат да се поврзат за да формираат пептиди од кои потоа се создава живот.

Но, она што со години ги збунуваше научниците беше фактот дека овој процес бара и влажна и сува средина. Користејќи нови спектрометри, Кукс и неговиот тим откриле дека почетните реакции може да се случат штом капка вода ќе влезе во атмосферата. Тоа би можело да објасни како настанал животот на места како што се бреговите на океаните или бреговите на реките и езерата.

Во студијата, Кукс и неговиот тим дури тврдат дека овие хемиски реакции можат да се случат без присуство на други катализатори. Тие се надеваат дека нивните откритија ќе овозможат подобро разбирање на основните процеси клучни за формирањето на животот на Земјата. Ова, посочуваат, би можело да им помогне на научниците полесно да откријат траги од живот во вселената, но и можеби да овозможи создавање на сопствена верзија на „живот“.

И не се само истражувачите кои го најавуваат откритието, велејќи дека тоа би можело да има некои огромни импликации врз нашето разбирање за тоа како животот се формирал на Земјата пред милијарди години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот